Полицијата во Бразил наоѓа човечки черепи, спакувани како подарок

Од:

Полицијата во бразилскиот град Сао Паоло се обидува да реши еден необичен случај, во кој засега непознато лице на различни локации остава човечки черепи спакувани како подарок.

Првиот череп спакуван како подарок е пронајден на 20 февруари, во близина на станбена зграда во централниот дел на Сао Паоло. Оттогаш се пронајдени уште седум черепи.

Черепите се оставени во близина на мормонски храмови или конзулати, меѓу кои се рускиот, чешкиот и јужноафриканскиот. Черепите се стари, прекриени со прашина.

Полициските функционер Хенри Бозон Вердураз изјави дека на снимките на безбедносните камери, е забележана жена, која ги остава черепите. Според него станува збор за некој вид на ритуал.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата