Полицијата спаси 11 прегладнети деца во Ново Мексико

Од:

Полицијата во американската сојузна држава Ново Мексико спаси 11 прегладнети деца, кои живееле во напуштен објект во пустина

Децата на возраст од една до 15 години немале чевли, носеле крпи и „изгледале како бегалци од земјите од третиот свет”, соопшти Канцеларијата на локалниот шериф.

На самото место имало и петмина возрасни, од кои двајца мажи биле вооружени.

Полицијата го пребара објектот откако доби порака: „Ние сме гладни, ни треба храна и вода”.

Сè уште не е познато како групата завршила во објект на Амалија.

Полицијата го опиша објектот како мала подземна приколка, покриена со пластика, без вода и електрична енергија.

Шерифот на округот Таос, Џери Хогреф, за Еј-Би-Си Њуз изјави дека децата се гладни, жедни и валкани.

– Полицаец сум веќе 30 години. Никогаш не сум видел такво нешто. Тоа е неверојатно, рече тој.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори