Заменик-комесарот на Кралската канадска коњаничка полиција (RCMP) за Британска Колумбија, Двејн Мекдоналд, изјави дека пукањето во средното училиште Тамблер Риџ, во кое загинаа 10 лица, се случи околу 13.20 часот по локално време и дека полицијата го пронајде осомничениот мртов во училиштето по пристигнувањето.
Меѓу загинатите има наставник (39) и пет ученици: три девојчиња (на возраст од 12 години) и две момчиња (на возраст од 12 и 13 години), рече Мекдоналд, додавајќи дека едно тело било пронајдено на скали, додека другите тела биле во училишната библиотека, рече Мекдоналд, објави CBS News.
Мекдоналд потврди дека мајката и братот на осомничениот се убиени во семејниот дом пред нападот во училиштето. Според него, телата биле откриени дури околу 14.45 часот, откако сосед ја повика полицијата. Полицијата соопшти дека трансродовиот осомничен за нападот, Ван Рутселар, бил на лекување поради проблеми со менталното здравје повеќе пати во последните години. Според Мекдоналд, осомничениот се идентификувал како жена, но е роден како маж.
– Во училиштето, полицајците пронајдоа пушка и модифициран пиштол, кои не беа регистрирани на Ван Рутселар, а дозволата за оружје истекла во 2024 година, рече Мекдоналд.
Мекдоналд рече дека полицијата сè уште не го откри мотивот за нападот, ниту пак е пронајдена порака од напаѓачот. Во пукотница во средно училиште во градот Тамблер Риџ, Британска Колумбија, загинаа 10 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а најмалку 25 се повредени.
