Полицијата пронајде 40 овци во стан во Франција

Од:

Во Ница на југот на Франција, откриени се 40 овци во стан кој е наменет за социјални случаеви, а кој требало да биде празен.

Животните биле набиени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама, јави денеска телевизијата Франс 3. Уапсени се двајца мажи во крвави маици.

Властите се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на жртвувањето.

Полицијата пронашла и заклани овци во станот, изјави општинскиот функционер Ентони Боре.

Останатите овци му беа предадени на одгледувачот.

Би можело да ве интересира

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму