Во „терористички“ напад во Бахреин е убиен полицаец на службена должност, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
Како што пренесуваат британските медиуми, полицијата го истражува нападот, што бил изведен во реонот на Дамистан, на југозапад од главниот град Манама.
Министерството на Твитер соопшти дека не може да даде повеќе детали за нападот додека не ја заврши истрагата.
Кралството Бахреин, управувано од муслимани сунити, во 2011 година беше арена на жестоки протести на шиитското мнозинство, кое инсистираше на политички реформи во земјата, напоменуваат британските медиуми.
Во земјата се уште има повремени судири, а во последно време се забележува зголемување на нападите, што често пати се насочени против полицајци. Последниот таков напад беше регистриран во март годинава кога тројца полицајци беа убиени од експлозија на подметната бомба.