Полицаец убиен во бомбашки напад во Бахреин

Од:

Еден полицаец загина, а двајца негови колеги се повредени при експлозија на рачно изработена бомба во бахреинскиот град Ситра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Бахреин.

Нападот во Ситра, каде речиси сите жители се шиити, се случил синоќа. Во полициското соопштение се додава дека синоќешниот инцидент е уште еден во серијата напади врз нејзини припадници со рачно изработени бомби, што започнале во април 2012 година.

Мнозинството од жителите на Бахреин се шиити, но во политичката и економската власт во земјата доминира сунитската елита.

За време на „Арапската пролет“ во 2011 година и Бахреин беше зафатен од улични протести при кои шиитското мнозинство бараше демократски реформи и поголемо учество на нивни претставници во власта. Бахреинските власти успеаја да ги задушат немирите, но нападите и помалите протесни собири не престанаа.

Би можело да ве интересира

Америка одобри продажба на 50 тенкови за 2,2 милијарди долари на Бахреин

Бенет во историска посета на Бахреин, вети помош околу Иран

Ана Ололовска

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид утре во историска посета на Бахреин

А1он

Бахреин е втората држава во светот што ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

Жарко Настоски

Израелска тајна амбасада во Бахреин

Ана Ололовска

Рохани: Бахреин и Емиратите ќе бидат единствените одговорни за последиците од договорот со Израел

Ана Ололовска