Полицаец призна убиство на бремена фитнес инструкторка – играле „игри со задушување“

Од:

Полицаец, член на елитната австриска единица „Кобра“, го призна убиството на 34-годишната Јохана Г., фитнес инструкторка која исчезна пред неколку дена.

Неговото признание доаѓа по часови испрашување во приватна просторија на Одделот за кривични истраги, далеку од очите на јавноста.

Според истражителите, полицаецот е последниот човек што ја виде жената пред нејзиното исчезнување.

Тој во својата изјава призна дека за време на средбата со Јохана, во автомобилот имале сексуален однос, кој вклучувал опасни „игри со задушување“.

Тие игри, како што тврди, доведоа до трагичен исход, а потоа го закопа нејзиното тело во паника.

Телото на жената е пронајдено во вечерва.

Иако полицаецот тврди дека немаше намера да ја убие, неговото признание го става во центарот на истрагата за убиство.

Полицијата ја продолжува истрагата и ги испитува можните мотиви, а се наведува дека жената беше бремена, што, според некои информации, може да биде поврзано со конфликтот меѓу нив.

Според пораките што Јохана ги размени со нејзината пријателка, мажот последен пат ја видел Јохана во петокот вечер.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Мајката на починатата Јовановска сведочи: Стојанче ја нападна Ивана и во болница

Горан Наумовски