Поли: Русите ги изиграа Американците

Од:

Некогашниот прв човек на австриските разузнавачи, Герт Рене Поли смета дека присилното приземјување на боливискиот претседател Моралес на аеродромот во Виена било финта на руската разузнавачка службa.

Според него фактот дека во авионот не бил бараниот американски разузнавач Едвард Сноуден, кој ја разоткри аферата за прислушкување од страна на НСА , е доказ дека се работи за руска оперативна мерка со цел да ги измами американските колеги.

–Ова е еден од најголемите скандали на американската надворешна политика и разузнавачки служби кои некогаш сум ги видел, нагласи Поли.

Податокот дека за лет на Моралесовиот авион не му е дадена дозвола за надлетување на најмалку три држави членки на НАТО, според неговите зборови, покажува дека американскиот претседател своите дипломати ги насочил во правец на Европа.

Од друга страна виенскиот дневник „Прес“ тврди дека авионот на боливискиот претседател кој беше принудно спуштен, е пренасочен по интервенција на амбасадорот на САД во Виена.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска