Покренато обвинението против поранешната тајландска премиерка Шинаватра

Од:

Јавното обвинителство на Тајланд во Врховниот суд денеска ја поднесе тужбата против поранешната премиерка Јинглук Шинаватра со обвинение дека таа додека била шеф на владата ги запоставила своите обврски и на државата и нанела штета која се проценува на над 20 милијарди долари. Шинаватра, која беше премиер до воениот удар во мај минатата година во импичмент доби пресуда за забрана на политичките активности во следните пет години.

Врховниот суд во посебна процедура предвидена за судење на личности од извршната власт треба формално да ја сослуша и обвинетата Шинаватра, но таа не се појави пред судот во кој ја застапуваа нејзините адвокати. Таа за медиумите изјави дека е невина и дека очекува отфрлање на обвиненијата според кои со лоши одлуки во спроведувањето на политиката за субвенции на производството и продажбата на ориз придонела за оштетување на државниот буџет.

Во врска со најавеното судење се огласи и шефот на воената хунта генералот Прајут Кан – ока, кој сега како пензионер ја извршува функцијата на премиер на преодната влада. Прајут соопшти дека  повеќе министерства и комисијата за антикорупција добиле задача да исптаат колку штети се нанесени со директни одлуки на Јинглук Шинаватра и да побараат судот да нареди таа да ја плати штетата.

Генералот Прајут изјави дека не очекува јавни протести поради судењето на Шинаватра, а бројните странски реакции против ваквиот процес ги окваликува како мешање во внатрешните работи на Тајланд. Поради воениот удар и воведената вонредна состојба во државаѕа, политичката и воената соработка со Тајланд ја замрзнаа САД, Австралија и најглем број држави од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач