Покрената кампања Обама да стане претседател на Франција

Од:

Во Франција е покрената кампања преку интернет со која се бара поранешниот американски претседател Барак Обама да биде нов француски претседател.

Иницијаторите на кампањата, која ја водат под мотото „Да, ние можеме“, што е идентично со слоганот од првата претседателска кампања на Обама во САД во 2008 година, соопштија дека се задоволни од досегашната реакција во француската јавност.

Тие досега на интернет петиицјата успеале да соберат над 42.000 потписи, што според нив, е многу повеќе отколку што очекувале.

Кампањата засега се води само во околината на Париз.

Според француските закони, странец не може да се кандидира и да учествува на домашните избори, па така и Обама не може формално да биде кандидиран за претстојните претседателски избори.

Покренувачите на оваа необична иницијатива изјавија дека тие ги знаат прописите и објаснваат дека нивната цел била да се истакне „отсуството на вистински инспиративни кандидати“ за изборите во Франција закажани за 23 април.

– Наша цел со кампањата „Обама за претседател“ беше да им порачаме на водечките претседателски претенденти дека тие не го нудат она за што сонуваат гласачите, соопштија иницијаторите, додавајќи дека ваквата кампања е замислена и како знак на отпор кон екстремизмот и популарноста на екстремно десничарскиот кандидат Марин Ле Пен.

Дел од француските медиуми негативно реагираа на кампањата, забележувајќи им на иницијаторите затоа што не објасниле дека сето тоа е само шега.

– Сето ова нека остане само на ниво на една шега, оцени левичарскиот весник „Либерасион“.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски