Покрената истрага против Курц

Од:

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц и неговите најблиски соработници се осомничени дека со пари на даночните обврзници плаќале медиумите да објавуваат позитивни вести за Курц и за неговата партија Австриска народна партија (ОВП), соопшти денеска австриската Канцеларијата на државниот обвинител за економски прашања и корупција (ВКСТА).

Според истражителите постои сомнение дека на агенциите за испитување на јавното мислење им се исплаќале средства од новото Министерство за финансии за „исклучиво партиски мотивирани, понекогаш наместени анкети“ во интерес на Курц.

Покрај тоа, јавните пари биле исплаќани за рекламирање во еден медиум.
Австрискиот весник „Дер Стандард“ претходно објави дека вредноста на договорот за рекламирање и соработка изнесувал 1,3 милиони евра.

Владејачката ОВП и осомничените медиуми ги негираат обвинувањата.

Обвинителите денеска извршија претреси во седиштето на ОВП, во Владата и во Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски