Покренат камп за воена обука на средношколци во Газа

Од:

Палестинското Министерство за образование во Газа покрена камп за воена обука за средношколци. Воената обука вклучува војнички марш, користење оружје, гаѓање, качување и вештини за борба гради-во-гради.

Обуката има за цел оспособување млади лица против израелски напади.

Главниот офицер за тој проект од Единицата за национална безбедност на Палестина полковник Мохамед ен-Нехале за Анадолија вели дека обуката почнува со почетокот на школската година.

Тој додава дека средношколците освен практичен дел имаат и теоретска обука за одбрана на татковината.

– Цел е да се зајакнат телата на младите луѓе и да бидат способни за борба, вели Нехале.

Полковниот Нехале вели дека на обуката има пет илјади средношколци од различни делови на Газа.

Шефот на службата за односи со јавноста во Министерството за образование Мутасим ел-Млинави рече дека тој проект го почнал поранешниот претседател на палестинските територии, Јасер Арафат.

– Со таа програма настојуваме во хармонија да бидат физичката и духовната обука. Тие млади луѓе ги подготвуваме за периодот на „слободна Палестина“, изјави Минави за Анадолија.

Би можело да ве интересира

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

Калас: Продолжете со преговорите за Газа, нападите на Израел врз Сирија и Либан ризикуваат ескалација