Десетици илјади луѓе денеска се опростија од својот долгогодишен лидер Ли Куан Ју (91), кој почина во понеделникот.
И покрај обилниот дожд, граѓаните на Сингапур во колона долга 15 килоетри се движеа од зградата на Парламентот до Националниот универзитет, каде се одржа опелото.
На погребот присуствуваа лидери и високи претставници на 20 земји, меѓу кои премиерите на Индија Нарендра Моди, на Јапонија Шинѕо Абе и на Австралија Тони Абот. Делегацијата на САД беше предводена од поранешниот претседател Бил Клинтон.
Во Индија е прогласен ден на жалост, а на Нов Зеланд знамињата се спуштени на половина копје.
Ли повеќе од три децении владееше со Сингапур, се до 1990 година и му се препишува заслугата дека од некогашниот сиромашен остров создал богат финансиски центар со ниска стапка на криминал и речиси непостоечка корупција.