Поголемиот дел од Венецуела околу три часа беше без електрична енергија што предизвика нарушување на сообраќајот во Каракас и другите поголеми градови.
– Прекинот на електрична енергија беше предизвикан од дефект во електрана во централна Венецуела, што предизвика престанок на работата и на другите електродистрибутивни центри, па снема струја во поголемиот дел од земјата, изјави синоќа венецуелскиот министер за електрична енергија Џези Чакон.
Венецуела во последните години повеќе пати останува без електрична енергија, за што критичарите ја обвинуваат државата дека малку вложува во тој сектор по неговата национализација во 2007 година.
Кога во декември минатата година поголем дел од земјата остана без електрична енергија венецуелскиот претседател Николас Мадуро за тоа ги обвини саботерите кои ја нападнале електроенергетската инфраструтура.