Погодена е зграда во Одеса, има мртви и повредени

Од:

Едно лице почина, а тројца се хоспитализирани откако станбена зграда е погодена за време на воздушен напад од страна на руските сили во Одеса, изјави градоначалникот Генадиј Труханов.

„Станбена зграда е погодена. Прелиминарните извештаи покажуваат дека едно лице починало, тројца се хоспитализирани, а бројот на жртви се утврдува“, напиша Труханов на Телеграм.

Службите за итни случаи се на местото на настанот и им пружаат секаква потребна помош на повредените.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина