Подољак: Војната можеше да заврши вчера под руски услови, но тоа ќе беше бесмислено

Од:

Останете смирени. Избрзаните емоции се дефинитивно непотребни денес, рече главниот советник на Володимир Зеленски, Михајло Подољак, на Х.

„Вистинскиот успех на американската надворешна политика, и се разбира лично претседателот Трамп, како и кој било друг глобален политички актер, нема да биде одреден само од желбата брзо да се заврши војната. Војната можеше да заврши вчера според руските ултиматуми – но тоа би било сосема бесмислено“, рече Подољак, додавајќи: „Вистинскиот успех ќе дојде преку завршување на војната не според условите на Русија, туку под фер и праведни услови поставени од Украина, САД и Европа“.

„Овие услови мора да бидат рационални, разумни во оваа фаза од војната, стратешки засновани и економски оправдани. Не смееме да ги заборавиме глобалните репутациски и политички последици“, заклучи Подољак.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Европскиот заем ќе ги зајакне украинската армија и економија

Урсула фон дер Лајен: Преговорите за пристапување на Украина во ЕУ треба да започнат без одложување

Командант на елитен украински баталјон избега во Германија

Буданов: Западот бара од Украина да ги запре нападите врз Русија

Горан Наумовски

Шојгу: Новиот заем за Украина ќе биде товар за обичните Европејци

ЕУ одобри заем за Украина и нови санкции кон Русија, Унгарија го повлече ветото

Горан Наумовски