Поднесено е обвинение против Мадуро и неговата сопруга пред судот во Њујорк

Од:

Американската обвинителка Пам Бонди изјави дека Николас Мадуро и Силија Флорес се обвинети во Окружниот суд за Јужниот округ на Њујорк.

На социјалната мрежа X, таа напиша: „Наскоро тој ќе се соочи со целосната сила на американската правда на американска почва, во американските судови“.

„Во име на целото Министерство за правда на САД, сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за храброста да побара одговорност во име на американскиот народ, како и да упатам голема благодарност до нашата храбра војска која изврши неверојатна и исклучително успешна мисија за апсење на овие двајца наводни меѓународни трговци со дрога“, додаде таа.

Русија побара „итно“ разјаснување на околностите околу наводното апсење на венецуелскиот претседател Мадуро од страна на САД за време на напад нарачан од претседателот Доналд Трамп.

Руското Министерство за надворешни работи изјави: „Крајно сме вознемирени од извештаите дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга се насилно отстранети од земјата како резултат на денешната агресија на САД. Повикуваме на итно разјаснување на ситуацијата.“

Би можело да ве интересира

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

„Хуриет“: Загубите на американската авијација пресуди за исходот од војната

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Техеран поставува услови: Планот од 10 точки на Иран станува основа на мировните преговори

Хамнеи постави ултиматум

Техеран не сака прекин на огнот што би им овозможило на САД и Израел повторно да нападнат

Горан Наумовски