Подметната експлозивна направа причина за експлозијата во Берлин

Од:

Германската полиција се сомнева дека подметната експлозивна направа ја причинила експлозијата на автомобилот во која што загина едно лице утринава во Берлин.

Според првичните наоди на членовите на тимот експерти за бомби на берлинската полиција, во автомобилот експлодирала засега непознат вид експлозивна направа а не плински уред, што беше една од опциите веднаш по експлозијата, јави дописникот на МИА од Берлин.

Засега не е познато дали некој ја подметнал во возилото или пак возачот на возилото се обидувал експлозивната направа да ја пренесе на некоја друга дестинација во главниот град на Германија при што таа експлодирала.

Експлозијата се случи околу 8 часот изутрина, на една од главните улици во берлинската населба Шарлотенбург која што е оддалечена на околу 7 километри од германската влада и на околу 4 километри од резиденцијата на германскиот претседател.

Освен автомобилот, во кој загина возачот, берлинската полиција која ја пребарува целата област во близина не пронашла други возила со експлозив. Истрагата во Берлин ја водат антитерористичките единици при германската полиција.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија