Подготвен е планот на Трамп за израелско-палестинскиот мировен процес

Од:

Повеќе од две години по најавувањето, конечно е подготвен за објавување долго-одложуваниот план за израелско-палестинскиот мировен процес на американскиот претседател Доналд Трамп.

Постои длабока недоверба меѓу Палестинците и Израелците и тие повеќе не се согласуваат ниту дали САД се неутрален посредник. Палестинските лидери одбиваат да се сретнат со владини претставници на Трамп.

Покрај прашањето за Ерусалим, симболично важен град каде е спорен пристапот до светите места за јудаизмот, исламот и христијанството, двете страни ќе треба да се договорат за границите меѓу двете територии.

Израелците и Палестинците треба да се договорат за поделба на природните ресурси како водата. Палестинците исто така бараат Израел да ги отстрани своите новоизградени населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим.

Повеќе од 400.000 Израелци во моментов живеат покрај околу три милиони Палестинци на Западниот Брег, а околу 200.000 во Источен Ерусалим.

Трамп постојано го одложуваше објавувањето на неговиот план, наводно за да не ја загрози кампањата на Нетанјаху затоа што планот вклучува некои отстапки на Израел.

Трамп ќе се сретне со Нетанјаху и неговиот ривал, лидерот на опозицијата, Бени Ганц лидер на центристичката „Сино-бела“ партија, со која ќе се бори за освојување на власта на 2 март против Ликуд на Нетнајаху.

Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, главниот автор на планот, ја започна својата прва фаза во јуни во Бахреин. Во тоа време, тој повика на создавање фонд од 50 милијарди американски долари за зајакнување на палестинската и економиите на соседните арапски држави.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп