Подготовките за Брегзит без договор чинеле 1,5 милијарди фунти

Од:

Британската Влада повлекла 6.000 државни службеници кои подготвувале Брегзит без договор со ЕУ, а кој чинел, како што се проценува, 1,5 милијарди фунти.

Државните службеници кои работеле во други земји сега ќе се вратат на своите секојдневни должности, но не е јасно што ќе работат околу 4.500 нововработени, бидејќи членот 50 е продолжен до 31 октомври.

На Брегзит вкупно работеле 16.000 државни службеници, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.

Хилари Бен од Лабуристичката партија изјави дека тоа е „висока цена“ за инсистирањето на премиерката Тереза Меј да го остави на маса излезот на Британија од ЕУ без договор.

– Важно е да се планира за сите непредвидливи ситуации, но тоа е висока цена за постојаните изјави на премиерката: „Мојот договор или без договор“, кога знаеше дека заминувањето без договор не е во национален интерес, истакна Бен, додавајќи дека „тоа е пример кој покажува оти Брегзит е многу скап за нашата земја“.

Би можело да ве интересира

Европска комисија: Унијата е подготвена за Брегзит без договор, но Лондон ќе загуби најмногу

Џонсон: Ќе бидеме подготвени за напуштање на ЕУ со или без договор

„Сандеј Тајмс“ објави документ на Владата за ризиците од Брегзит без договор

Татјана Ташкова

Меркел бара средба со Џонсон заради Брегзит

Германија очекува Велика Британија да излезе од ЕУ без договор

Лабуристите сакаат уривање на Владата, се противат на Брегзит без договор