Поделби во редовите на германските социјалдемократи околу коалицирањето со Меркел

Од:

Иако според анкетите мнозинството Германци го поддржуваат формирањето на „голема коалиција“ меѓу конзервативците на актуелниот германски канцелар Ангела Меркел и опозициската Социјалдемократска партија на Германија (СПД), сепак социјалдемократите се длабоко поделени околу ова прашање.

Членови на највисокото раководство на СПД отворено се спротиставуваат на коалиција со блокот на Меркел, а неколку регионални организации на партијата дури предложија да се спроведе анкета на која сите 470 илјади партиски членови би се изјасниле околу можноста за формирање „голема коалиција“.

Коалицирањето со блокот на Меркел е главна тема и на конференција на СПД, што ќе започне попладнево зад затворени врати.

Весникот „Зидојче Цајтунг“ во својата анализа на постизборната состојба во Германија наведува дека е многу веројатно оти денешната конференција на СПД нема да даде одговор на прашањето околу коалицирањето со демохристијаните.

Според весникот, постојат големи шанси социјалдемократите да спроведат анкета меѓу своето членство пред редовниот партиски Конгрес, што треба да се оддржи кон средината на ноември.

Во пресрет на денешната Конференција на СПД, германската државна телевизија АРД објави резултати од анкета кои покажуваат дека 48 проценти од Германците поддржуваат формирање коалиција меѓу демохристијаните и социјалдемократите, додека за евентуална коалиција на блогот на Меркел со Зелените се изјасниле само 18 отсто испитаници.

Гледано според симпатизерите на партиите, дури 62 проценти од приврзаниците на Христијанско демкратската унија (ЦДУ) на Меркел се изјасниле за коалиција со СПД. Од друга страна, за коалиција ЦДУ-СПД се изјасниле и 56 отсто од симпатизерите на социјалдемократите.

Како што јави ДПА вообичаено процесот на формирање нова Влада во Германија трае околу еден месец. До нејзиниот избор со земјата ќе управува актуелната Влада на Меркел во улога на службен Кабинет.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија