А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Поддршка со задршка: Италија внимателна околу замрзнувањето на руските средства

by А1он13/12/2025 - 16:39155
Share0

Италија се приклучува кон консензусот на Европската Унија во поддршка на замрзнувањето на руските средства, потврди италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, најавувајќи дека Рим ќе гласа за мерката. Изјавата доаѓа во време кога ЕУ се обидува да го консолидира својот одговор на руската агресија во Украина, при што замрзнувањето на средствата е еден од клучните елементи на пакетот санкции.

Добивај вести на вибер

– Италија е за стабилизирање на ситуацијата, па затоа сме за за замрзнување на руските средства, рече Тајани, објави Анса.

„Постои можност за користење на други инструменти за финансирање на Украина, со гаранции што нема да го оптоварат јавниот долг“, нагласи Тајани.

Според него, клучното прашање е правно, а конечната одлука за користење на овие средства ќе ја донесе Европскиот совет. Како заклучок, тој нагласи дека Италија останува посветена на помагање на Украина.

Европската Унија ја потврди својата одлука за замрзнување на средствата на руската централна банка во Европа на неодредено време, отстранувајќи ја големата пречка за користење на готовината за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од Русија.

Советот на Европската Унија одлучи привремено да забрани каков било трансфер на средства на руската централна банка замрзнати во ЕУ во Русија, се вели во соопштението објавено а веб-страницата на Советот на ЕУ. Одлуката, се додава, е донесена итно со цел да се ограничи штетата врз економијата на ЕУ.

italijarusijatajani

Би можело да ве интересира

Ученик (13) избоде професорка во вратот и во градите – ја спаси друг ученик

А1он30/03/2026 - 21:17

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 19:55

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:05

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Горан Наумовски26/03/2026 - 22:02

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Горан Наумовски26/03/2026 - 22:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто