Почнува судењето за терористички напади во Брисел во 2016 година

Од:

Во Брисел денеска почнува судењето на десетмината осомничени за нивната улога во исламистичките терористички напади во 2016 година, во кои загинаа 32 лица, а стотина беа повредени.

Бомбашите самоубијци на 22 март 2016 година ги нападнаа аеродромот и метро станицата, во време кога Европа веќе беше на крај од претходните напади.

Осум осомничени се обвинети за терористичко убиство, обид за терористичко убиство и учество во активности на терористичка организација. Девет обвинети, само за учество во терористички активности, извести белгиската новинска агенција Белга.

На едно лице ќе му се суди во отсуство, а се претпоставува дека загинало во Сирија.

Најистакнат обвинет е Салах Абдеслам, кој, минатиот јуни веќе беше осуден на доживотен затвор, поради вмешаност во нападите во Париз, во ноември 2015 година. Тој исто така беше осуден и на 20 години затвор во посебно судење, поради пукање во полицијата, непосредно пред да биде фатен во 2016 година.

Судењето ќе се одржи во поранешното седиште на НАТО, за да има доволно простор за повеќе од 900 обвинители и меѓународни медиуми.

Судењето започнува со припремно рочиште, на кое службено ќе се потврдат сведоците. Обвинетите не се должни да дојдат на ова судско рочиште.

Продолжението на судењето е закажано за 10 октомври. Тогаш ќе бидат објавени членовите на поротата, пред почетокот на расправата, закажана за 13 октомври.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски