Почнува разоружувањето на ФАРК

Од:

Разоружувањето на Револуционерите вооружени сили на Колумбија (ФАРК) ќе почне денеска со попишување на оружјето кое го поседува таа герилска група, со која минатата година беше постигната мировна спогодба, соопшти колумбиската Влада.

Разоружувањето вклучува попишување и уништување на оружјето, изјави високиот владин претставник, Серхио Харамиљо.

Мировната спогодба предвидува борците на ФАРК постепено да го предаваат оружјето на Владата.

Обединетите нации ќе го контролираат процесот на разоружување, потврди на прес-конференција лидерот на ФАРК, Иван Маркес.

Колумбија планира да стави крај на вооружениот конфликт, кој трае подолго од половина век во кој загинаа најмалку 260 илјади лица, повеќе од 60 илјади се исчезнати, а 6,9 милиони се раселени.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он