Почнува првиот круг гласање за смена на Џонсон

Од:

Британските пратеници од Конзервативната партија денеска ќе го одржат првиот круг од гласањето за смена на Борис Џонсон од лидерската функцијата во партијата.

Потребната поддршка од 20 колеги ја обезбедија осум кандидати. Попладнево ќе гласаат 358 конзервативни пратеници и од листата на кандидати ќе отпаднат сите кои нема да добијат 30 гласа.

Гласање ќе има и утре, но и следната недела, доколку тоа биде потребно.

За последните двајца што ќе останат во трката, ќе гласаат околу 180.000 членови на Конзервативната партија во Велика Британија.

Се очекува победникот да биде прогласен на 5 септември, а избраниот автоматски ќе биде и премиер на Велика Британија.

Засега фаворити се поранешниот министер за финансии Риши Сунак, министерката за надворешни работи Лиз Трас и министерката за трговска политика Пени Мордаунт.

Претходно, Борис Џонсон поднесе оставка од позицијата претседател на Конзервативната партија поради низата оставки во Владата, како и бунт во партијата, што во изминатите месеци имаше повеќе скандали. Џонсон останува премиер сè додека не се избере нов претседател на партијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски