Гласачите во Нов Зеланд од вчера можат да почнат да гласаат на парламентарните избори, на кои се чини дека сегашната премиерка и лидерка на Лабуристичката партија, Џaсинда Ардерн, би можел да освои втор мандат благодарение на, пред сè, успешната борба против епидемијата на коронавирус.
Околу 450 избирачки места се достапни за гласачите низ целата земја, пред 17 октомври.
Изборната комисија соопшти дека можноста за предвремено гласање станува сè попопуларна, при што во 2017 година, на пример, 47 проценти од гласачите гласале на овој начин, а овој пат може да достигне 60 проценти.
Премиерката Ардерн и нејзиниот партнер Кларк Гејфорд, исто така, одлучија да гласаат порано, со порака на Фејсбук: „Гласањето започнува денеска, ние го сторивме тоа, направете и вие така. Нема редици, има многу простор, сè оди брзо и лесно”.
Паралелно со изборите, се одржуваат референдуми за легализација на евтаназија и канабисот.
Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 17 октомври.