Почна нова голема руска офанзива објави Институтот за војна

Од:

Институтот за војна објави дека руските сили започнале нова голема офанзива на истокот на регионот Луганск.

„Руските сили повторно ја презедоа иницијативата во Украина и ја започнаа својата следна голема офанзива во регионот на Луганск.

Темпото на руските операции долж линијата Сватов-Кремина во западната Луганска област значително се зголеми во текот на изминатата недела, при што руски извори нашироко објавија дека конвенционалните руски трупи ги напаѓаат украинските одбранбени линии и прават благ напредок долж границата Харков-Луганска област, особено северозападно од Сватов кај Купјанск и западно од Кремина“, пишува ISW.

„Геолокацираните слики ги потврдија руските успеси во областа Дворична северозападно од Сватов. Се чини дека руската воена команда целосно ангажирала елементи на неколку конвенционални дивизии во одлучувачките офанзивни операции долж линијата Сватов-Кремина.

„Посветеноста на значајните елементи од најмалку три големи руски дивизии за офанзивни операции во овој сектор укажува на тоа дека руската офанзива започна, дури и ако украинските сили засега ги спречуваат руските сили да обезбедат значителни придобивки“, се заклучува во извештајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната