Почна копнената офанзива на Израел: Пешадија и тенкови влегоа во Газа

Од:

Израелските одбранбени сили соопштија дека пешадиски сили и тенкови влегле во Појасот Газа во „локализирани рации“.

Како што наведоа, тоа го прават со цел да ја исчистат областа од потенцијалните терористи и да ги лоцираат исчезнатите Израелци.

Израел изврши „локализирани напади“ во Газа во изминатите 24 часа, изјави највисокиот воен портпарол на Израел.

Беа вклучени пешадиски и тенковски единици, со цел да ги лоцираат ракетните посади и заложниците, рече контраадмиралот Даниел Хагари на телевизиски брифинг.

Најмалку 120 заложници се држат во Газа, соопшти војската.

Ова е прво откривање на преминот од воздушна кампања кон копнени упади.

„Значаен број“ цивили во Газа почнаа да се движат кон југ „за да се спасат“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници