Почна гласањето за избор на геренерален секретар на ОН

Од:

Започнува процедурата за избор на генерален секретар на Обединетите нации.
Петнаесет амбасадори на Советот за безбедност на ОН, зад затворени врати, ќе гласаат за наследникот на Бан Ки-мун. Во трката за генерален секретар на ОН се влезени шест мажи и шест жени, од кои осум се од Источна Европа.

Покрај кандидатот на Македонија, Срѓан Ќерим, од Источна Европа се и извршната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова, која е кандидатка на Бугарија, поранешниот словенечки претседател Данило Тирк, поранешната шефица на хрватската дипломатија Весна Пусиќ, поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, поранешната министерка за надворешни работи на Молдавија, Наталија Герман, како и шефот на црногорската дипломатија, Игор Лукшиќ.

Од Португалија се кандидираше поранешниот висок претставник за бегалци, Антонио Гутереш, од Нов Зеланд – администраторката на програмата за ОН за развој, Хелен Кларк, од Аргентина – министерката за надворешни работи, Сусана Малкора, како и поранешната шефица на костариканската дипломатија, Кристина Фигерес.

Должноста, според начелото за географска ротација, би требало да му припадне на кандидат од Источна Европа, а многумина сметаат дека тоа може да биде жена, што би било првпат во историјата на ОН.

Изборот меѓу 12 кандидати ќе трае долго, сè до октомври, и ќе биде сложен.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Одлуката за гласањето на Македонија во Њујорк беше неочекувана, вели францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина, ЕУ поднесува своја

Катерина Ѓуровски

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации