Починала откако поради тежината не ја пуштиле во авион

Од:

Американка починала во Унгарија откако поради својата прекумерна тежина не и дозволиле да се качи во авион во Будимпешта и во Прага.

Според чешките медиуми, 56-годишната Вилма Солтеж која тежела 193 килограми имала проблеми со бубрезите и дијабетес и поради тоа многу брзо и се зголемувала тежината.

Поради ампутирана една нога била во инвалидска количка, а проблемот настанал кога во септември со својот сопруг со авион допатувала во Унгарија од каде и двајцата потекнувале.

Но, иако имала резервирано повратен билет со две седишта за неа, таа не успеала да се врати во САД. Претставниците на компанијата КЛМ, која е дел од Скај тим одбила да ја прими патничката со образложение дека за време на летот не може да биде врзана со појас и да и биде загарантиран безбеден лет. Откако пет часа поминала на аеродромот во Будимпешта, патничката со автобус допатувала во Прага од каде требало да одлета за Њујорк на седиште предвидено за хендикепирани патници.

Според нејзиниот сопруг, патувачката сага и тука не престанала. Во Чешка било констатирано дека пластичната количка со која Солтеж требало да биде префрлена до авионот нема да ја издржи нејзината тежина. Брачниот пар се вратил повторно во Унгарија и оттаму повторно се обиделе да резервираат лет до Њујорк. Но, и овој пат и покрај тоа што и пожарникари помагале да се смести жената во авионот, обидот бил неуспешен и екипажот на авионот одлучил да одлета без патничката со прекумерна тежина.

По сето тоа здравјето на Солтеж, која се вратила во својата викендица во Унгарија се влошило и поради откажување на бубрезите таа починала. – Сакаше само да дојде дома, таму да добие лекарска помош која и беше потребна, изјавил нејзиниот сопруг, кој најавил тужби за оштета од неколку милиони долари кон авиокомпаниите КЛМ и Делта ерлајнс.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ