Починаа 28 деца од труење со олово од рудник во Нигерија

Од:

Дваесет и осум деца починаа како резултат од труење со олово од незаконски рудник на злато во едно село во западниот дел на Нигерија, соопштија локалните здравствени власти.

Според последните информации, уште неколку десетици деца имаат потреба од итна медицинска помош.

Висок претставник на нигериското Министерство за здравство изјавил дека сите заразени деца се под петгодишна возраст, а дури кај 43 отсто од пациентите може да се стигне само по воздушен пат.

Трагичниот настан се случил во истиот дел на државата Замфара, каде лекарите се уште лекуваат голем број деца од масовното труење во 2010 година. Во тој инцидент загинаа 400 деца, а многумина ослепеа или останаа парализирани, бидејќи властите го забавија финансирањето на програмата за прочистување на загадените зони.

Меѓународната организација „Лекари без граници“ денеска соопшти дека досега се излекувани половина од вкупно 500 лица, кои беа заразени во 2010 година, и веќе почнале да се затвораат времените болници, создадени токму за оваа цел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он