Почина жената на која и беше трансплантиран бубрег од свиња

Од:

Лиса Писано, првата личност која доби механичка срцева пумпа и генетски конструиран свински бубрег, починала во неделата, соопшти NYU Langone Health, каде што била оперирана.

Нејзиниот бубрег бил трансплантиран на 12 април, но откажал поради ограничениот проток на крв и бил отстранет на 29 мај. Таа не беше првата личност на која и беше извршена трансплантација на свински орган, но таа беше првата со механичка пумпа за срце на која и беше трансплантација на свински орган, пренесува CNN.

Поради срцева слабост и краен стадиум на бубрежна болест за која е потребна дијализа, Писано не беше кандидат за стандардна трансплантација, соопшти болницата.

Инаку, лекарите во САД вршат ксенотрансплантација (трансплантација на органи и ткива на животни) во ретки случаи, со дозвола на Американската агенција за храна и лекови.

Свинскиот бубрег што го доби Писано е генетски модифициран за да се избегнат човечки антитела, кои вообичаено откриваат и напаѓаат туѓи органи. Свинската тимусна жлезда, која игра улога во имунитетот, била ставена под бубрегот на свињата за дополнително да му помогне на телото на жената да го прифати органот.

Сепак, бубрегот беше отстранет во мај, откако беше утврдено дека „веќе не придонесува доволно за да се гарантира континуирана имуносупресија“, рече тогаш Монтгомери.

Би можело да ве интересира

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

МЗ: Еден донор спаси четири животи