Жан Мари Ле Пен, основачот на француската крајнодесничарска партија Национален собир, почина на 94-годишна возраст, потврди неговото семејство.
Таткото на Марин Ле Пен, поранешен падобранец кој ја водеше партијата од 1972 до 2011 година, претходно беше пренесен во болница поради сомневање за проблеми со срцето.
Минатата година, Ле Пен се соочи со обвинувања заедно со својата ќерка Марин дека тие и други личности од нивната партија проневериле пари од Европскиот парламент преку лажни зделки.
Тој беше осудуван и казнет за предизвикување злосторства против човештвото. Во 2014 година, тој сугерираше дека смртоносниот вирус ебола може да биде решение за глобалната експлозија на населението. Две години подоцна, тој беше осуден за „поттикнување омраза и етничка дискриминација“, бидејќи три години претходно на јавен состанок рече дека „Ромите во градот предизвикуваат осип и се смрдливи“.
Ле Пен стана доживотен почесен претседател на Националниот фронт кога неговата ќерка ја презеде функцијата лидер на партијата во 2011 година.
Ле Пен пет пати се кандидираше за претседател и ја шокираше Франција во 2002 година кога го исфрли кандидатот на социјалистите Лионел Жоспен од првиот круг на гласање и се најде пред Жак Ширак во вториот круг од гласањето за Елисеј. Ширак победи со убедлива разлика – повеќе од 82 отсто од гласовите.