Во Германија во 96-тата година од својот живот почина Рокес Меск, кој за време на Втората светска војна бил телохранител на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер и последен жив припадник на германските сили, кои до крајот останаа во неговиот бункер во Берлин.
Меск бил припадник на СС, а од 1940 година станал телохранител на лидерот и до крајот на војната припаѓал на најтесниот круг на лица кои секојдневно контактирале со Хитлер. Пред неколку години во интервју за „Асошиејтед прес“ тој го опиша Хитлер како сосема нормална личност.
Во споменатото интервју тој тврди дека Хитлер пред него никогаш не го споменал холокаустот, додека во една друга прилика призна дека знаел за постоењето на концентрациони логоди, меѓутоа и тогаш ги отфрли сознанијата за планирана ликвидација на неколку милиони Евреи.
По убиството на Хитлер, Меск се обидел да побегне, но го фатиле Руси и наредните десет години ги поминал во заложништво. Во 1954 година се вратил во Берлин каде што отворил продавница и остатокот од животот го поминал во својот дом на одалеченост од два километри од бункерот на Хитлер.
Е. Г.