Кралот на Тајланд, Бумибол Адулиадеј почина во една болница во Бангкок на 88-годишна возраст, соопшти денеска тајландската Кралска палата.
Во последните години од својот живот, тој имаше сериозно нарушено здравје, па ретко се појавуваше во јавноста.
Пред неколку дена, неговата состојба се влоши и кралот беше префрлен на лекување в болница.
Поради смртта на кралот, тајландскиот премиер Прајут Чан-оча денеска прогласи едногодишна жалост,
Кралот Адулиадеј, кој беше монарх со најдолг „стаж“ на престолот, во Тајлад беше почитуван од луѓето кои во него гледаа фактор на стабилнист на земјта, често погодена од политичка нестабилност, насилство и воени удари.
Смртта на кралот доаѓа во време кога во оваа земја во Југоисточна Азија на власт е воена хунта по пучот од 2014 година.
Локаните медиуми јавуваат дека стотици луѓе се собрале пред зградата на болницата, каде се лекуваше кралот, како и пред Кралската палата во главниот град Бангкок за да му одадат почит.
На престолот ќе го наследува неговиот син, 63-годишниот принц Ваиралонгкорн, кој не е почитуван во домашната јавнпст, како што тоа беше неговиот татко.
Починатиот крал Бумибол, е роден во САД, во градот Кембриџ во сојузната држава Масачусетс. На престолот беше од 9 јуни 1946 година, по смрта на негвиот постар брат кој немаше директен наследник.
Кралот во Тајланд нема политичка моќ, но најголемиот број од Тајланѓаните во него гледаат како на полубожество.