Почина најмоќната жена во САД: Почнува борба за нејзината позиција, можни се тектонски промени

Од:

Судијката во американскито Врховен суд, Рут Бадер Гинсбург почина синоќа на 87-годишна возраст.

Со тоа американскиот претседател Доналд Трамп ќе може да именува трет судија Врховниот суд пред претседателските избори.

Гинсбург, голем борец за правата на жените и икона на американските либерали, почина од рак на панкреасот во нејзиниот дом во Вашингтон.

Нејзиното заминување може дополнително да ја смени идеолошката рамнотежа во американскиот Врховен суд, во кој има пет конзервативни и четворица либерални судии.

Трамп досега именуваше двајца конзервативни судии – Нил Горшуч во 2017 година и Брет Кавано во 2018 година.

Судиите во Врховниот суд ги номинира претседателот, а потоа мора да бидат потврдени во Сенатот, каде мнозинството се републиканците.

Во 2017 година поминаа 67 дена од номинацијата на Трамп до потврдата на Горсуч во Сенатот, додека во 2018 година, Кавано беше назначен за 89 дена.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 3 ноември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски