Почина шефот на дипломатијата на Црвените кмери, осомничен за воени злосторства

Од:

Поранешниот шеф на дипломатијата на камбоџанските Црвените Кмери Јенг Сари почина денеска на 88-годишна возраст, не дочекувајќи ја пресудата по обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото, соопшти Судот.

– Можеме да потврдиме дека Јенг Сари почина изутрината, откако е хоспитализиран на 4 март, изјави портпаролот на Судот во Пномпен, Ларс Олсен.

Сари беше шеф на дипломатијата на тоталитарниот режим на Црвените Кмери, кој беше на власт од 1975 до 1979 година и беше одговорен за смртта на два милиони лица.

На Сари му се судеше пред Суд воспоставен под покровителство на Обединетите нации заедно со поранешниот шеф на државата Кија Сампано (81) и вториот човек на режимот на Црвените Кмери Нуон Чео (86).

– Ќе биде утврдена причината за смртта, а потоа ќе биде предаден на семејството, изјави Олсен и изрази жалење поради тоа што Сари не ја дочекал пресудата.

Тој истакна дека неговата смрт нема да се одрази врз судењето на другите обвинети. Единствен завршен процес пред меѓународниот Суд е судењето на Каинг Гуенк Еаву, управник на затворот Туол Сленг во Пномпен, во кој околу 15 илјади луѓе биле измачувани и убиени. Тој е осуден на доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска

Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

А1он

ВИДЕО: Огромен пожар во хотел во Камбоџа, луѓето скокаа од прозорците, најмалку 10 мртви

Ана Ололовска

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во Камбоџа

А1он

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август

Ана Ололовска