Почина поранешниот претседател на Перу кој се застрела пред апсењето

Од:

Поранешниот претседател на Перу, Алан Гарсија почина откако си пукаше во вратот во моментот кога дошла полиција да го уапси. Тој веднаш бил префрлен во болница, но лекарите не успеале да го спасат, јави Би-Би-Си.

Во болница бил превезен во тешка здравствена состојба, доживеал три срцеви напади, по што западнал во кома.

Неговиот личен асистент Рикардо Пињеда прецизираше дека во моментот кога полицијата заѕвонела на вратата со налог за апсење, Гарсија отишол во спалната соба, се заклучил, по што се застрелал.

Тој беше обвинет за земање мито од бразилска градежна компанија, обвиненија – кои тој ги демантираше.

Гарсија беше претседател на Перу од 1985 до 1990 година, а потоа повторно од 2006 до 2011 година.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Инаугурацијата на Трамп: Огномет, имитатор на Елвис Присли и нешто невидено во последните 40 години

Предраг Петровиќ