Почина поранешниот командант на ИРА Мартин Мекгинис

Од:

Поранешниот командант на паравоената Ирска републиканска армија (ИРА) и заменик прв министер на Северна Ирска, Мартин Мекгинис почина во Белфаст на 66-годишна возраст од болест на срцето.

По мировниот договор од Велики петок за поделба на власта во Северна Ирска, Мекгинис во 2007 година стана заменик прв министер, функција што ја извршуваше до јануари годинава. Тој работеше во заедничката влада на протестантите- нионисти и републиканците-католици, прво со Ијан Пејсли, потоа со Питер Робинсон и на крајот со Арлен Филипс, како први министри.

Според северноирските медиуми, Мекгинис боледувал од ретка срцева болест, што била и главната причина по оставката во Владата, тој да објави дека се повлекува и од политиката.

На почетокот на годината тој поднесе оставка незадоволен од тоа како мнозинската партија во северноирската влада Демократската унионистичка партија (ДУП) и нејнзиниот лидер и прв министер Арлен Филипс се справува со еден локален енергетски снадал.

Договорот за заедничко управување со Северна Ирска од пред десет години, предвидува оставката на првиот министер или на неговиот заменик да предизвика паѓање на Владата.

На одржаните предвремени изборим ДУП успеа да добие најмногу пратенички места во северноирското Собрание, но сега разликата со Шин Феин изнесува само еден пратеник, што претставува голем успех за републиканците и за Мекгинис и неговата политика за помирување.

Тој е роден во Дери и веќе како 21-годишен станува втор во командниот ред на ИРА во овој католички град во Северна Ирска.

Во таа улога тој е сведок на трагичниот инцидент од 1972 година, кога британските војници пукаа врз мирните демонстранти во овој град, убивајќи 14 лица, најголем број од нив млади луге.

По мировниот договор од 1998 година Мекгинис се откажа од насилството и од ИРА и се претвори во една од клучните личности во политичкиот процес за мир и стабилизација на Северна Ирска, а стана и првиот висок републикански функционер кој се сретна со британската кралица.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска