Почина поранешниот кениски претседател Даниел арап Мои

Од:

Во 95-тата година од животот денеска почина Даниел арап Мои, вториот претседател на Кенија по стекнувањето на нејзината независност, кој две децении автократски владееше со оваа земја на истокот од Африка, јави ДПА

Информацијата за неговата смрт ја соопшти канцеларијата на актуелниот претседател Ухуруа Кенијата.

„Со длабока жалост и тага го соопштуваме заминувањето на големиот африкански државник, неговото величество Даниел Тороитча арап Мои, вториот претседател на Република Кенија“, се наведува во соопштението.

Мои починал утринава во присуство на своето семејство.

Тој со Кенија владееше од 1978 до 2002 година, а неговото владеење беше одбележено со центгрализација на власта, корупција и обвинувања за кршење на човековите права.

Во поголемиот тек од неговото владеење Кенија беше под еднопартиски систем.

Во текот на владеењето на првиот кениски претседател Џомо Кенијата, инаку таткото на сегашниот претседател на оваа поранешна британска колонија, Мои ја извршуваше функцијата потпретседател, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“