Поранешниот француски премиер Пјер Моруа, кој беше прв шеф на социјалистичка влада под Петтата француска република, од 1981 до 1984 година, почина на возраст од 84 години, јавува дописникот на МИА од Париз.
„Со него заминува еден од столбовите на демократскиот социјализам“, изјави францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, пред новинарите во Токио, каде го придружува претседателот Франсоа Оланд.
Пјер Моруа беше на болничко лекување од почетокот на месецот, откако минатата година беше опериран од тумор на белите дробови.