На 45-годишна возраст почина поранешниот премиер и поранешен претседател на Чешката социјалдемократска партија (ЧССД), Станислав Грос, јави дописникот на МИА од Прага.
Грос, за кој во последните години се зборуваше дека боледува од амиотрофична латерална склероза беше најмладиот премиер на Чешка, кој на 34-годишна возраст во 2004 година беше назначен на функцијата.
Поради скандал со непознато потекло на финансиите со кои купил стан во Прага, поднесе оставка во април 2005 година.
По заминувањето од политиката работеше како адвокат, но во медиумите во годините подоцна се појави и поради брза заработка од неколку милиони евра со купување на акции од фирми.
Неодамна во емисија на чешката државна телевизија ЧТ, која ги интервјуираше поранешните претседатели на влади и се извини на јавноста за разочарувањето кое го предизвикал со неговата политичка кариера.