Почина најстариот затвореник од Аушвиц

Од:

Антони Доброволски, најстариот затвореник од нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, починал синоќа со навршени 108 години во Дебно, во северозападна Полска, соопшти историчарот Адам Сира. Полскиот учител Доброволски, роден во 1904 година, во текот на Втората светска војна организирал тајна настава за децата, која ја забраниле германските нацистички власти во тогаш окупираната Полска.

Откако во 1942 година бил уапсен од злогласната тајна фашистичка полиција Гестапо, Доброволски бил депортиран во логорот Аушвиц, под бројот 38081. Од таму бил подоцна префрлен во логорот Грос-Розен, а потоа во Сашенхаузен во Германија. Ослободен е во 1945 година и по враќањето во татковината се населил во градот Дебно каде бил директор на основното училиште, а потоа и на гимназијата.

Во концентрациониот логор Аушвиц се убиени милиони европски Евреи, и меѓу 70.000 и 75.000 Полјаци. Во логорот кој стана синоним за Холокаустот, се убиени и 21.000 Роми, 15.000 советски воени заробеници, и меѓу 10.000 и 15.000 затвореници од други националности.

Би можело да ве интересира

Во Франција уапсен млад следбеник на Хитлер, кој планирал масовно убиство во неговото средно училиште и џамија

Германски полицајци суспендирани откако се зачлениле во онлајн клуб на обожаватели на Хитлер

Жарко Настоски

Реконструкција и пренамена на куќата на Хитлер

Ана Ололовска

Либанец откупи нацистички предмети за 600.000 евра

Ана Ололовска

Родната куќа на Хитлер станува полициска станица

Ана Ололовска

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина

Ана Ололовска