Највозрасната жена во светот, 115-годишната Јапонка Кото Окубо, денеска почина во старечки дом во градот Кавасаки, соопштија локалните медиуми.
Окубо беше пргласена за најстара жена на планетата откако на 17 декември во САД почина 115-годишната Дина Манфредини од Ајова. Таа беше повозрасна од Јапонката за 264 дена.
Највозрасниот маж на Земјата во моментов е Јапонецот Џироемон Кимура, роден на 19 април 1897 година. Тој живее во градот Киотанго, во префектура Кјото, и има седум деца, 14 внуци, 25 правнуци и 13 праправнуци. Овој долговечен човек 40 години работел во пошта по што се пензионирал и до својата 90-годишна возраст се е занимавал со фармерство.