Две седмици откако го доби статусот најстара жена на светот, на 115 годишна возраст во старечки дом во Ајова почина Дина Манфредини.
Манфредини којашто живеела без туѓа помош и нега до 110-та година стана најстарата личност на планетата според Гинисовата книга на рекорди на 5-ти декември 2012 година, кога во местото Монро во американската сојузна држава Џорџија почина 116-годишната Американка Беси Купер.