Леон Лејсон (Leyson), најмладиот од 1.100 Евреи кои за време на Втората светска војна од нацистите ги спаси Оскар Шиндлер, почина во Калифорнија во 83 година.
Ќерката на Лејсон, Стејси Вилфонг, изјави за весникот Лос Анџелес Тајмс дека Лејсон починал во саботата од лимфома.
Тој имал едвај 10 години, кога Германија ја нападна Полска во 1939 година. Во холокаустот ги изгуби двајцата браќа.
Него го спаси Шиндлер, во чија фабрика работел на 13 годишна возраст. Бил толку ситен што морал да се качи на кутија за да ги дофати машините. Шиндлер на листата ги ставил и мајката на Леон и преживеаните браќа и сестри.
Емигрирал во САД ВО 1949. каде што бил учител 39 години. Лејсон ретко зборувал за неговото искуство се до снимањето на филмот “Шиндлеровата листа” на Стивен Спилберг во 1993 година.
Филмот предизвика нов интерес за оваа тема, па Лејсон одлучи да ја раскаже својата приказна. Последен пат Лејсон го виде Шиндлер во 1974. во Лос Анџелес, непосредно пред неговата смрт.
“Не живеев живот во сенката на холокаустот”, рече Портланд Орегониан во 1997. “Не сакав на децата да им оставам во наследство страв, туку како наследство да им ја оставам слободата.”