Францускиот моден креатор Пјер Карден почина на 98-годишна возраст.
– Францускиот моден дизајнер Пјер Карден е мртов, објави денеска неговото семејство.
Визионерскиот стилист и пионер во модата подготвена за носење почина изутринава во Американската болница во Нејли, западно од Париз, на 98-годишна возраст.
Пјер Карден беше еден од најпознатите француски модни креатори во светот, а тој со децении важеше и за едно од најголемите имиња во модниот свет, воопшто.