Активистот за ЛГБТ права Гилберт Бејкер, најпознат по тоа што го дизајнирал знамето со виножито, кое што се користи за промоција на ЛГБТ правата, почина на 65. годишна возраст.
Како што објавија американските медиуми, Бејкер починал во спиењето, а точната причина за смртта се уште не е објавена.
Симболите за ЛГБТ движењето започнал да ги дизјанира по барање на Харви Милк, кој во 1977. година стана првиот деклариран хомосексуалец изгласан на јавна должност.