Почина еден од тројцата холандски војници застрелани пред хотел во САД

Од:

Еден од тројцата холандски војници кои викендов беа повредени од огнено оружје пред нивниот хотел во САД, почина, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.

Останатите двајца војници се во стабилна состојба во болница, додаде Министерството.

Војниците биле во американската сојузна држава Индијана на вежба, но не биле на должност во моментот на инцидентот, кој се случил во раните утрински часови во саботата пред нивниот хотел во градот Индијанаполис.

Американските медиуми јавија дека полицијата верува дека претходно имало расправија меѓу војниците и друго лице или група.

Сите тројца холандски војници биле членови на корпусот Командо, единица за специјални операции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи