Почеток на мини-африканскиот самит во Париз

Од:

Нигерискиот претседател Џонатан Гудлак пристигна во Париз, со што почна мини-африканскиот самит за регионалната безбедност, еден месец по киднапирањето повеќе од 200 средношколки од страна на исламистичката група Боко Харам, јавува дописникот на МИА од Париз.

На самитот во Париз до францускиот претседател Франсоа Оланд се наоѓаат и шефовите на држави на Нигерија, Камерун, Нигер, Чад и Бенин, како и претставници на САД, Велика Британија и Европската Унија.

Гудлак пристигна во Елисејската палата половина час порано од другите шефови на држави за да има билатерална средба со Франсоа Оланд. Самитот има за цел да воспостави регионална стратегија за борба против Боко Харам, нигериска исламистичка група која се појави во 2002 година и претставува закана за другите земји од регионот.

Масовното грабнување на над 200 средношколки во Шибук на 14 април ова година, на северо-истокот од Нигерија и ужасните снимки од шефот на сектата Абубакар Шекау, кој се заканува дека ќе ги мажи со сила младите девојки или дека ќе ги претвори во робинки, предизвика масовна мобилизација низ целиот свет.

Во потрагата на девојките е вклучен и Вашингтон, при што минатиот четврток испрати и критики на сметка на владата на Нигерија за „трагичната и неприфатлива спорост“ со кои таа одговори на кризата.

Официјален Париз нема јавно изразено критики на сметка на својот нов сојузник, а целта на денешниот самит е да се координира борбата против оваа терористичка група на регионално ниво.

Засега не станува збор за воена интервенција на Западот против Боко Харам, се вели од Елисејската палата.

Франција веќе се наоѓа во две воени интервенции во Африка, во Мали и во Централноафриканската Република. Париз очекува од земјите од регионот да изработат план со заеднички мерки, како размена на информации, како и поддршка од западните сојузници на овај план, се вели од француски дипломатски извори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм